Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на корона вирус.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај дословното придржување и почитување на мерките сум позитивен на корона вирусот и според препораките останувам во изолација. Корона вирусот е насекаде околу нас, бидете внимателни и доколку имате симптоми останете во изолација. Само така ќе ја намалиме трансмисијата. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас“ напиша Николовски.