fbpx

Директорот на домот за деца „25 мај“ поднел оставка од морaлни причини

-

Директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“, Стевчо Соколовски, денеска поднесе оставка од морални причини, информираат од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека продолжуваат да го испитуваат случајот.

Од МТСП информираат дека Комисијата утврдила дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на 13-годишната Р.И.

„Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето. Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва. Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик“, велат од Министерството.

Оставката следува откако невладината Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) го обелодени случајот со 13-годишното девојче, кое минатата недела било подложено на абортус, а забременило по сексуално злоставување како штитеничка на Домот за деца „25 Мај“.

Од Министерството потенцираат дека интензивно работат на процесот на деинституционализација и дека до средината на 2018 година, ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...