Директорката на Фондот за здравство не открива детали како се случил хакерскиот напад

„Сето тоа е предмет на истрага“, беше одговорот на директорката Магдалена Филиповска Грашкоска на прашањата дали имаат сознанија кој го извршил хакерскиот напад, дали им бил побаран откуп, дали ФЗО исплатило пари некому со цел системот да профункционира, дали нападот бил извршен од земјава или пак од некоја друга држава итн.