fbpx

Дипломатскиот кор на прием кај Иванов во Крушево

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.

„На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници, ќе се обратат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Во согласност со воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со економските и со културните карактеристики на општина Крушево.

Од кабинетот соопштуваат дека според програмата, утре во претпладневните часови е предвидено да се одржи презентација за Крушево од страна на градоначалникот на Општината, Ѓорги Дамчевски, како и презентација на проектот „Македоника“ на Фондацијата за негување на македонското културно наследство „Македоника“.

Македонскиот претседател и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија ќе ја посетат Спомен-куќата на Тоше Проески, Споменикот „Илинден“ и Галеријата „Никола Мартиновски“.

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божикните празници за членовите на дипломатскиот кор во 2014 година беше приреден во Гевгелија, во 2013 година во Берово, додека во 2012 година во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...