Дипломатскиот клуб – Скопје им го честита празникот на активните дипломати

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје, во име на своите членови, им ја изразува својата поддршка и благодарност на македонските дипломати кои во овие тешки моменти на светска здравствена криза, професионално и пожртвувано го даваат својот придонес во борбата за надминување на последиците од пандемијата.

Истовремено, Дипломатскиот клуб на сите свои активни колеги, кои моментално ѝ служат на државата им го честита Денот на македонската дипломатија – 29 Април.

„Дипломатите на Република Северна Македонија во странство и во МНР со своите напори придонесуваат за што поефикасно делување на најистурените борци против корона вирусот – медицинскиот персонал, како и на полицијата и армијата на нашата држава“, се посочува во дописот.