fbpx

Дипломатите со предупредувачки протест пред МНР

-

Синдикатот на македонската дипломатија денеска во 12.05 часот, пред Министерството за надворешни работи во Скопје одржа предупредувачки штрајк за, како што велат, проблемите што со години се таложат во оваа сфера.

Претседателот на синдикатот, Сашко Тодоровски, вели дека симболиката на овој протест е јасна.

– Денеска сакаме да го искористиме уставното право за да го изразиме незадоволството поради кое сме доведени во ваква состојба. Протест на дипломатите е преседан во 53-годишното постоење на оваа служба. Ние моравме да се одлучиме на ваков чекор затоа што на барањето за дијалог со Министерството за надворешни работи наидувавме на молк – рече Тодоровски.

Според него, има повеќе причини за овој протест, а една од нив е таа што економските промотори имаат поголемо овластување од дипломатските претставници.

– Кога економските промотори се пожалија на висината на надоместокот за сместување, Министерството им излезе во пресрет и веднаш со законски измени им дозволи неограничен лимит за надоместокот за сместување. Тоа не важни и за дипломатските претставници низ светот. Со тоа Македонија создава посебна дипломатска мрежа, која е паралелна со официјалната предводена од МНР – изјави Тодоровски.

За хаосот во МНР, вели тој, сведочат и многубројни нарушувања на нормалното функционирање на дипломати кои имаат стаж повеќе од десет години. Тој, исто така, посочи на нерегуларности кои се прават во дипломатско-конзуларните претставништва, меѓу кои се: дипломатите да не се пријавуваат во тамошното МНР, злоупотреби на функциите, како и најголемата злоупотреба – делење пасоши надвор од амбасадите. Тодоровски рече дека доколку нивните барања за враќање на стариот закон од 2006 година и дијалогот со надлежните од МНР не се остварат, ќе ги преземат сите мерки што подразбираат и порадикален пристап.

Поддршка на протестот му дадоа и претставници на дипломатскиот клуб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...