fbpx

Дипломатите тајно ќе добиваат описни оценки – од „се истакнува“ до „не задоволува“

-

Македонските дипломати ќе бидат предмет на тајно оценување и во зависност од резултатите во работењето ќе добиваат оценки: се истакнува, задоволува, делумно задоволува и не задоволува, предвидува нацрт предлог-законот за надворешни работи објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Се планира оценувањето да се врши еднаш годишно, најдоцна до крајот на првото тромесечие од секоја календарска година и се однесува на претходната година.

„Оценката „се истакнува“, се дава кога дипломатот работните задачи ги извршува професионално, стручно, пред  крајниот рок, со висок квалитет и резултати кои што се над очекуваните. Оценката „задоволува“, се дава кога дипломатот работните задачи ги извршува професионално, ефикасно и според планираната динамика, со квалитет и резултати кои се во рамките на очекуваните. Оценката „делумно задоволува“, се дава кога дипломатот работните задачи ги извршува делумно и не секогаш ефикасно и според планираната динамика, со квалитет и резултати кои се под очекуваните. Оценката „не задоволува“, се дава кога  дипломатот работните задачи ги извршува ограничено, нецелосно, непрофесионално и неефикасно, на начин што негативно влијае на колективот, покажува непочитување кон колегите и претпоставените“, пишува во документот.

Во нацртот се објаснува дека оценувањето на дипломатот се врши со цел да се добие реална слика за стручноста, квалитетот, ефикасноста и резултатите во извршувањето на работните задачи. Оценувањето е врз основа на податоците за резултатите од работата, работните и личните квалитети, имајќи ги предвид податоците за обуките, наградите, дисциплинските мерки и отсуствата во претходната година.

„Оценувањето е вертикално и хоризонтално. Вертикално, дипломатот се оценува од страна на непосредниот раководител и  непосредено повисокиот раководител и од еден дипломат на пониско ниво од неговото. Хоризонтално, дипломатот се оценува од страна на еден дипломат на негово ниво од матичната организациона единица и еден дипломат на негово ниво од директорат со кој оценуваниот најмногу соработувал во текот на годината.  Вертикалното и хоризонталното оценување се врши  врз основа на писмен извештај подготвен од оценуваниот и верификуван од претпоставениот, за сработеното во претходната година. Недоставувањето писмен извештај автоматски повлекува оценка „не задоволува“.

Нереалното, неточно или злонамерно оценување од страна на дипломатите е основ за поведување дисциплинска постапка за дисциплински престап.

„Целокупниот процес на оценување го разгледува и потврдува Колегиумот. Во случај на евидентно спротивставени оценки, Колегиумот одлучува за крајната оценка. Оценувачот ја доставува изготвената оценка до организационата единица за човекови ресурси која формира посебна датотека со рестриктивен пристап. Оценките “се истакнува“ и “задоволува“ се земаат предвид при преминување во повисоко дипломатско звање, согласно член 50 од овој закон и при упатување на вработениот на работа во ДКП. На дипломатот кој две години по ред има оценка “не задоволува“ дипломатското звање му се намалува за едно непосредно пониско дипломатско звање. На дипломатот кој три години по ред има оценка “не задоволува“ или кој во последните пет години три пати добил оценка “не задоволува“ му престанува работниот однос во Министерството“, пишува во документот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...