fbpx

Димовски: Пратениците на СДСМ го добија законот пред две недели

-

Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјави дека СДСМ бара секаков можен начин да го одложи и да го проблематизира донесувањето и усогласувањето на Изборниот законик, посочувајќи дека претставниците на неговата партија во преговорите за измените во изборното законодавство се подготвени за усогласување на ставовите за негово носење.

Според него, на преговорите минатата ноќ, од СДСМ побарале повлекување на предлог-законот за необјавување на прислушуваните разговори, поднесен од пратениците Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.

– Законот е поднесен со потписи од двајца пратеници, едниот од ДУИ, другиот од ВМРО-ДПММНЕ. Ние се плашиме дека СДСМ не сака усогласување на законот, го чекаме усогласувањето на Изборниот закон и сме подготвени да постапиме во насока на усогласување на ставовите не само помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, туку помеѓу четирите политички партии – рече Димовски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на вчерашните разговори било договорено дека прво треба да се усогласи Изборниот законик, па потоа да се разговара за законот.

– Заев дал изјава дека биле изненадени и дека не биле запознаени, што е неточно, апсолутно, бидејќи покрај тоа што тој дал согласност на лидерска средба за носење на овој закон, во мое присуство координаторот на ДУИ пред две недели на пратениците од СДСМ им го предаде текстот на законот. Значи, тезите и тврдењата дека СДСМ е изненаден и дека не знаел или немал согласност, апсолутно се неточни. Значи, СДСМ даде согласност за овој закон, СДСМ го имаше тој текст на своја рака пред две недели, што е битно за нас – рече Димовски.

Исто така, Димовски искажа подготвеност за разговори и за одредени измени или промени на предложениот закон.

– Последно и, можеби, најинтересно како информација е тоа дека ваква законска регулатива постои во Република Македонија. Овој закон е само лекс специјалис на членови од Кривичниот законик. Сите оние новинари кои вчера можеби со право најдоа забелешки да го критикуваат, добро е да го погледнат и Кривичниот законик, во кој се предвидени истите или слични одредби. Веројатно по оваа бура од вчерашниот ден, Кривичниот законик ќе мора да се почитува – рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...