Комисијата за избори и именувања, без дискусии со едногласна одлука го утврди предлогот до Собранието, Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител заради незаконитo, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство, информираше претседателот на Комисијата, Илија Димовски.

Тој додаде дека во текот на денот предлогот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што треба да биде закажана пленарна седница на која истиот треба да биде изгласан од пратениците.

Седницата беше затворена за јавност.