fbpx

Димовски бара да не се политизира смртта на младата трудница од Штип

-

Ни збор од институциите, во исчекување на официјални резултати од обдукцијата врз телото на 26 -годишната трудница Билјана Коларова – Ничева, која почина минатата недела на Гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Штип. Нема реакција ниту од штипското Основно јавно обвинителство , освен дека го очекуваат извештајот од обдукцијата.

– До нас се уште нема пристигнато резултати од обдукцијата, која ја направи Клиниката за судска медицина до Скопје. Побаравме таму да ја извршат обдукцијата за да се оттргнат сите сомненија, со оглед на тоа дека смртта настапила во болнички услови. Откако ќе ги добиеме резултатите, ќе одлучиме како ќе постапиме понатаму во овој случај – изјави во телефонскиот разговор, претседателот на Основното јавно обвинителство од Штип, Ристе Бојаџиски.

Лекарите, кои во неколку часа престој прво на Инфективното одделение, а потоа и на Гинеколошко акушерското одделение се бореа за животот на младата жена, изјавија дека Коларова – Ничева најверојатно починала од токсиколошки шок. Меѓутоа, вистинската причина за смртта ќе ја дадат резултатите од обдукцијата.

Во меѓувреме, во јавноста се појавија бројни шпекулации. Во дел од интернет порталите се појави писмо од наводна вработена во болницата, која тврди дека тој ден, кога била примена жената пред породување со болки и висока температура, немало кој да ја згрижи освен една дежурна сестра, бидејќи сите биле на митинг на ВМРО-ДПМНЕ. За коментар на тврдењата го прашавме носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица број три, каде припаѓа Штип, Илија Димовски.

– Јас го видов тоа обвинување на еден од оние диви сајтови, претпоставува дека сте од професионален и сериозен медиум. Прво, не би сакал да коментирам несериозни извори и второ, секакви такви обвинувања не се предмет за политички коментари, туку се предмет за стручни лица, за претставници на Медицински центри или пак ако е потребно да се провери целата состојба. Не би сакал никаков политички контекст да се дава на тоа – изјави Димовски.

Освен Клиничката болница, која следниот ден, по смртта на младата жена, излезе со прес конференција , изостанаа други информации од институции или реакции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...