Димитров во Стразбур ќе разговара со европарламентарците за напредокот на Македонија

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во  работна посета на Стразбур, во Европскиот парламент, при што ќе се сретне со шефови на пратеничките групи во Парламентот, меѓу кои се претседателот на АЛДЕ – Ханс ван Бален, претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер кој доаѓа од Европската народна партија, како и со неговиот сопартиец Андреј Ковачев.

„Во фокус на разговорите ќе бидат натамошните фази од евроинтегративниот процес на Република Македонија, по заклучоците на Европскиот совет минатата недела“, најавуваат од Министерството за надворешни работи.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...