Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 јануари ќе престојува во работна посета на Турција, информираат од МНР.

Димитров ќе се сретне со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, со министерот за одбрана, Хулуси Акар како и со други високи државни претставници на Турција. Тој ќе има средба и во Големото народно Собрание на Република Турција.

„Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на ислења за повеќе актуелни регионални прашања. Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви“, соопштуваат од МНР.