fbpx

Димитров: Нимиц донесе „идеи што не се толку лоши, но и идеи што не се толку добри“

-

Посредникот во преговорите за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска на прес-конфренција по средбата со министерот, Никола Димитров, порача дека е поголем оптимист од кога било претходно за разрешување на спорот.

– Што се однесува до прашањето за идентитетот на народот што живее тука, настрана од се што се слушнало од грчка страна за негирање на идентитетот јас сум убеден дека решението што е можно, е потполно во согласност со зачувувањето и дури и засилување на идентитетот. Јас сум многу оптимист дека иако има разлики меѓу двете земји е можно решение, а од Атина не слушнав ништо дека го оспорува идентитетот – рече Нимиц.

Министерот Димитров рече дека не можеме вечно да останеме во рововите на историјата и дека е време да се дојде до решение, но иако кај македонската страна има силна волја за тоа, ќе треба да се види што мисли Грција.

– Не може никој, па ни нашиот сосед Грција, да го сопре нашето право, правото на моите сограѓани да бидат Македонци и да зборуваат македонски јазик кој е од групата на словенските јазици. За да има решение многу е важен процесот во кој ни помага посредникот Нимиц, но исто така е многу важно да се однесуваме внимателно во јавноста. Колку повеќе зборуваме за црвени линии во јавноста, толку повеќе се намалува шансата да најдеме решение што ќе биде прифатено од граѓаните од двете страни. Од наша страна има волја и се надевам дека и од другата страна има волја за решение. Истовремено, сакам да им упатам порака на оние граѓани што сакаат решение дека ако има достоинствен начин што ќе ги почитува идентитетот и на двете страни, низ овој процес ние ќе го најдеме на овој начин. Може и да нема таков начин но наше е да направиме се што можеме – рече Димитров.

Во однос на пакетот предлози што Нимиц го донесе и во Атина и во Скопје, Димитров не сакаше подетално да зборува и порача дека „таму има и решенија што не се толку добри“.

– Денеска разговаравме детално и многу сериозно и му кажав на медијаторот Нимиц, дека таму (во пакетот предлози) има идеи што не се толку лоши, но и идеи што не се толку добри. Се надевам дека медијаторот ќе каже кои се следните чекори врз основа на тоа што го добил во Грција и тоа што ќе го добие тука ќе го дефинира процесот – додаде Димитров.

Посредникот Нимиц одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека е поголем оптимист од кога било претходно во текот на преговарачкиот процес, но нагласи дека тој е само посредник, а одлуките сепак ќе останат на двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...