Димитров: Наодите од Извештајот да се користат како референтна точка за рационализирање и управување со реформите

-

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ко-претседаваше со Заедничкиот мониторинг комитет со Европската Комисија, на која што истакна дека потребен ни е фокус и акција, досегашното искуство да го искористиме како катализатор за придвижување.

Со цел да се направи преглед на спроведувањето на средствата алоцирани преку ИПА, вицепремиерот Димитров нагласи дека наодите од Извештајот на ЕК за Северна Македонија ќе се користат како референтна точка за рационализирање и управување со реформите кои произлегуваат од европската агенда за да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани преку ЕУ фондовите.

„Потребен ни е фокус и акција, досегашното искуство и предизвиците да ги искористиме како катализатор за да создадеме појасна слика за нашите следни чекори и да одиме одлучно напред. Искрениот, партнерски пристап и подобрувањето на координацијата во спроведувањето на ИПА се клучните предуслови за постигнување на заедничките цели,“ изјави Димитров.

Покрај прегледот на генералното спроведување на ИПА, на состанокот се дискутирале и конкретните проекти со посебен акцент на областите како заштита на животната средина, транспортната инфраструктура кои бараат значителни инвестиции, како и регионалните политики и координацијата на структурните инструменти во рамки на Поглавјето 22.

„Со оглед на потребата од воспоставена институционална рамка и соодветен административен капацитет за програмирање, спроведување, мониторинг и евалуација на фондовите, беа нагласени заложбите за унапредување на ИПА структурата во националните институции. Воедно, беше разгледано и функционирањето на секторските мониторинг комитети како инклузивни механизми за насочување на политиките и програмите на секторско ниво“, се вели во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.

На шестиот по ред состанок присуствуваа претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА фондови, претставници на Делегацијата на ЕУ, претставници на секторските работни групи и на донаторите кои се активни во земјата и граѓански организации. Претставниците на Европската комисија ја поздравија посветеноста за соодветно искористување на ИПА средствата со цел постигнување на суштински реформи во интерес на граѓаните.

Беа усвоени заеднички заклучоци кои ќе придонесат кон надминување на предизвиците и отворените прашања, при што Секретаријатот за европски прашања редовно ќе го следи исполнувањето на овие заклучоци и препораки во утврдените рокови.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...