fbpx

Димитров: Ќе нѐ биде и покрај Иванов

-

По скандалозниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, во изјава за „Дојче веле“, вели дека никој нема право да го спречува изборот на граѓаните.

Одлуката на претседателот Иванов да ја прекине денешната средба со премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција, според министерот Димитров нема да го спречи изнаоѓањето решение за спорот.

-Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме се од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде… и покрај Иванов – вели Димитров.

Утринскиот состанокот помеѓу Заев, Димитров и Иванов за постигнатиот договор со Грција во спорот за името, траел само две минути, како што соопшти кабинетот на претседателот.

Од Владата велат дека Иванов одбил да ги сослуша Заев и Димитров и дека го напуштил состанокот. Иванов воопшто не сакал да разговара со Заев и Димитров и само побарал да ја остават писмената верзија на договорот и си заминал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...