fbpx

Димитров: Иронија и парадокс е земја-членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик

-

Иронија е и парадокс земја-членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега од Данска, Андерс Самуелсон.

Тој додаде дека Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти, ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи го и интересот за добри односи со Унгарија

– Мислам дека во речниците, случајот за Груевски може да се води под иронија и парадокс, бидејќи се работи за човек под чие што владеење Европската комисија ја дефинираше Македонија како заборена држава. Имаме заклучок од Советот за општи работи од јуни годинава, каде се бара правна разврска и одговорност за индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушкуваните разговори поддржани од Европскиот совет. И сега Македонија како земја кандидат прави се, во државата да владее правото. И навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик кој што се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. Ние имаме еден сложен терен сега и ќе ги земеме во предвид сите наши интереси меѓу кои и интересот за добри односи со Унгарија во решавањето за тоа што ќе правиме и како ќе правиме – рече Димитров.

Тој најави дека со неговиот унгарски колега Петер Сијарто ќе имаат средба на маргините на министерскиот состанок на НАТО на 4 и 5 декември, на кој што отворено  ќе разговараат за овој случај.

Запрашан, дали постои опасност и други земји да го следат овој пример на Унгарија, да ги прифатат нејзините приговори во однос на состојбата со правосудството и да не блокираат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, Димитров рече дека Македонија ќе инсистира на своите принципи и државниот интерес.

– Не сè што се случува е по наша волја. Наше е да инсистираме на принципите, да објаснуваме. Кој било што ја следел ситуацијата во Македонија и сите извештаи од 2015 наваму, ќе знае да процени, а тоа меѓу другото и се случува, изјавата на Хан и ставот на Вашингтон. Ќе работиме на тоа да се држиме до нашите принципи и нашиот државен интерес – вели Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...