Димитриеска-Кочоска: Ќе бидеме една од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

-

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.

„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.

Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.

Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...