ДИК почна со вкрстување на податоците

-

Експертите ангажирани од Државната изборна комисија, вчера почнаа со вкрстување на податоците од 10 бази добиени од релевантни државни институции, стои во соопштението од ДИК.

„На овој процес му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи со базите на Фондот за здравствено осигурување на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Централниот регистар на РМ, Народната банка на РМ и на Управата за јавни приходи“, стои во соопштението.

Според планот на ДИК, дел од сомнителните категори што ќе треба да се проверуваат во избирачкиот список се починати лица, повеќе гласачи на иста адреса, граѓани кои немаат постојано живеалиште во Македонија, фантомски избирачи и гласачи кои ги има на две избирачки места.

Понатаму, треба да се добие поддршка од аналитичарите на податоците и да се предложат можни стратегии за теренската проверка.

Вкрстувањето на податоците ќе го вршат три ИТ-компании, од кои две од Македонија и една од САД.

Во моментот во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи, но точната бројка ќе се знае по прочистувањето на списокот.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...