ДИК од институциите добила непрочистени бази на податоци

-

„Државната изборна комисија од институциите добила непрочистени и различни податоци од различни бази. Од некои институции добиле помалку податоци, а од други – повеќе од што барале. Сепак, одлучено е да се работи на вкупно 11 бази на податоци од 11 институции“, изјави на денешната седница на ДИК, Мајкл Бург, ИТ-експерт од САД, член од експертската група.

Експертот Атанас Урумов предложи во планот за вкрстени проверки да се додаде уште една точка, според која сите податоци што ќе произлезат од вкрстените проверки за можни сомнителни гласачи, прво да се одобрат од ДИК, па потоа да се прави теренска проверка.

Според планот, дел од сомнителните категори што ќе треба да се проверуваат во избирачкиот список се починати лица, повеќе гласачи на иста адреса, граѓани кои немаат постојано живеалиште во Македонија, фантомски избирачи и гласачи кои ги има на две избирачки места.

Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се сомнева во валидацијата и се плаши да не се одолжи овој процес, а со тоа и да се одложи прочистувањето на избирачкиот список.

Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА, рече дека можеби воопшто нема фантомски гласачи и изборачкиот список е точен.

На денешната седница членовите го изгласаа извештајот за спроведените активности на експертската ИТ-група за процесите за нормализирање и за чистење на базите на податоци. Останува да се направи валидација на податоците, анализа од тројца независни аналитичари, да се споредат резултатите со тие на експертската ИТ-група, да се поднесат извештаи до ДИК и да се добие поддршка во планирање на теренската проверка и ажурирање на избирачкиот список.

Понатаму, како што е наведено во извештајот, треба да се добие поддршка од аналитичарите на податоците и да се предложат можни стратегии за теренската проверка.

Точката за објавување на избирачкиот список на веб-страницата на ДИК е одложена за наредната седница.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...