fbpx

ДИК ќе ги вкрстува податоците па ќе ја проверува основаноста на пријавите од граѓаните

-

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно одлучила, за основаноста на стотиците пријави од страна на граѓаните да пресече откако ќе заврши вкрстената проверка на податоците од институциите, јавува телевизија „Телма.

– Ова се однесува на пријави на граѓани на лица кои не живеат на таа адреса, се отселени или се во странство. Иако лицето е на времена работа подолго од три месеци или една година, тоа пак има право да биде запишано во избирачкиот список и таквите лица се обележани со ѕвездичка – изјавил Атанас Урумов, член на ДИК.

Пријавите за починати лица кои ги има во избирачкиот список, ДИК ќе ги проверува во Управата за водење матични книги, а оние за одземена деловна способност во Основните судови низ државата. Исто така, во надлежните иснтитуции ќе се проверува и дали во списокот има малолетни лица или лица кои не се државјани на Македонија.

– Иако избирачкиот список се води по регистарот на државјани на РМ, сепак и по овој основ барам ДИК преку својата стручна служба да изврши увид во регистарот на државјани на РМ, кој се води во МВР и за истото повратно да ја извести ДИК – реагираше Урумов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Д-р Жан Митрев не измислил лек за подобрување на видот

Не е вистина дека посочениот „лек“ О капс го измислил д-р Жан Митрев, ниту го препорачува, ниту има докази дека го подобрува видот, како што се тврди во објавата....