fbpx

ДИК ја укинува опцијата за онлајн пријавување на нерегуларности во избирачкиот список

-

Државната изборна комисија од полноќ ќе ја затвори опцијата за пријавување на нерегуларности во записите во избирачкиот список на веб-страницата на ДИК.

„Ова е од причина што за пристигнатите пријави е потребно време ДИК соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка“, велат од Комисијата.

Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на веб-страница, до денес можноста за пријавување нерегуларности во податоците ја искористиле околу 5.000 граѓани.

Од ДИК информираат дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе биде разгледан на јавна седница во среда, а веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во избирачкиот список на веб-страницата, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

„Државната изборна комисија со сите пристигнати пријави соодветно ќе постапи на начин што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основoт на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки“, информираат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...