Излезноста на граѓаните на референдумот до 18.30 часот е 34,09 проценти од обработени околу 85 проценти од податоците, информираше ДИК.
„Бројката на граѓани кои гласале до 18.30 часот е 519.435, меѓутоа од 84,83 проценти обработени податоци“, појасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Генералната оценка на ДИК е дека денот поминал добро и мирно, гласањето се одвивало во добра атмосфера со исклучок на одредени инциденти кои се појавиле во попладневните часови, кои по брзата реакција на надлежните, брзо биле санкционирани.
Општина Сарај е една од општините каде што излезноста на граѓаните на овој референдум е една од најголемите, односно 65,59 проценти од граѓаните запишани во Избирачкиот список излегле на гласање.
Од ДИК соопштија дека гласачките места во 19 часот биле затворени.