ДИК: Избирачкиот список е заклучен, може да се пребарува само со матичен број

-

Во апликацијата на ДИК за проверка на граѓаните во избирачкиот список, единствената активна можност за пребарување на избирачите од вчера е само преку матичниот број на граѓаните. Дополнителните две опции за пребарување, преку адреса и име и преземе, повеќе не се активни.

Од ДИК за „Мета“ велат дека избирачкиот список за предвремените парламентарни избори в недела, на 11 декември, е заклучен и затоа единствено секој лично, преку матичниот број може да провери на кое гласачко место гласа.

– Не може да се пребарува по име и презиме и по адреса бидејќи избирачкиот список е заклучен, па оттука може само да се пристапи со внесување матичен број или тоа, со други зборови, значи дека ќе можете само вие лично да си проверите на кое гласачко место гласате, а да не може друг во ваше име да го стори тоа – вели портпаролката на ДИК, Аријета Џемаили.

Пред три дена ДИК соопшти дека имале технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во избирачкиот список. Од Комисијата тогаш наведоа дека техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз избирачкиот список, организацијата, како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

ДИК избирачкиот список го заклучи на 28 ноември кога го одреди и изгледот на гласачкото ливче. Тогаш од Комисијата соопштија дека според избирачкиот список, на изборите кои се закажани за 11 декември право на глас ќе имаат 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија.

Државната изборна комисија во март оваа година ја промовираше новата апликација за проверка на граѓаните во избирачкиот список, со која освен според матичниот број, граѓаните можеа да ги проверуваат податоците и доколку внесат име и презиме или адреса на живеење. Оваа можност на апликацијата откри бројни недостатоци, нелогичности и контроверзии – десетици граѓани на иста адреса, непостоечки адреси, починати гласачи, двојни адреси и слично.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...