fbpx

ДИК го одби приговорот на СДСМ за гласачко место 2.024, засега одбиени три приговори

-

Членовите на Државната изборна комисија едногласно го одбија приговорот на СДСМ за гласачкото место 2.024 во шестата изборна единица во Теарце.

Со ова, одбиени се вкупно три од осум приговори на СДСМ за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.

Членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да се направи увид во изборниот материјал од гласачкото место 2.024 и откако гласачките ливчиња повторно се преброија во ДИК, се утврди дека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија освоиле 48 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 64 гласа, ДПА 35 гласа, Алијанса за Албанците 19 и Движењето Беса 48 гласа.

На овој начин се утврди дека состојбата со освоените гласови на партиите е идентична со записникот број 16 од ова избирачко место.

Утврдено е дека има 14 неважечки ливчиња, а неупотребени се 212.

Пред седиштето на ДИК и во два часот по полноќ, се слушаат зурли и тапани, а собрани се партиски симпатизери, функционери и носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ кои држеа говори и употребуваа заканувачка реторика.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...