fbpx

ДИК ги отфрли листите на СДПМ на Бранко Јаневски

-

Листите на СДПМ на Бранко Јаневски нема да се натпреваруваат на изборите закажани за 11 декември, одлучи Државната изборна комисија. Сите девет члена на ДИК гласаа овие листи да бидат отфрлени.

Субхи Јакупи рече дека недостигаат основните документи во поднесените листи на СДПМ, за што, како што рече, има вина и правната служба на ДИК.

– Сметам дека не нè ставила во заблуда правната служба, туку подносителот на листите. Некој ни приложил листи за кои утврдивме низа неправилности. Некој со умисла и свесно ја става ДИК во ваква ситуација – рече Игор Милев.

Во сите шест листи на СДПМ не се наведени датуми за кои избори се однесуваат кандидатурите, потписите на кандидатите во изјавите и во личните карти не се совпаѓаат, кандидат предложен за една изборна единица во изјавата, стои на листа за друга изборна единица, појаснуваат од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...