fbpx

ДИК: До 17 часот гласале над 41 отсто од избирачите, најголем одѕив во Новаци – 70 отсто

-

До 17 часот правото на глас на Локалните избори кои се одржуваат денеска го искористиле 719.891 граѓани, односно 41,39 отсто од избирачите на избирачкиот список, објави Државната изборна комисија (ДИК) на официјалната страница.

Право на глас на овие избори имаат 1.824.864 граѓани, а до сега се обработени 72,42 отсто од гласачите.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, соопшти дека  избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се затечат во и пред гласачките места да го остварат правото на глас.

Исто така, изборниот молк наместо до 19 часот, ќе продолжи сè додека не се затвори и последното избирачко место.

Даштевски нагласи дека според информации добиени од теренот некои лица донеле незаконски одлуки и го продолжиле гласањето без апаратот за земање отпечаток од прст. Тој сугерираше дека освен во изборните единици за кои ДИК има донесено одлука да не се користат овие апарати другите мора задолжително да продолжат да го користат апаратот за отисок од прст, во споротивно ќе треба да се поништат резултатите на тие места.

„Тоа се незаконски одлуки на тие лица и сугерираме да продолжат да гласаат со ‘УБИК’ апаратите. Во спротивно, доколку не се гласа така, согласно измените во законот, гласањето ќе биде поништено, а овие лица ќе бидат санкционирани бидејќи тоа го направиле без одлука на ДИК“, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК рече дека денеска на многу места се создадоа гужви и дека овој проблем тешко се надминува.

„Тоа е така од повеќе причини. Избирачкиот список има повеќе страни бидејќи има рекорден број листи и поради тоа проверката трае повеќе време. Од друга страна, преку една третина од отпечатоците кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето оди поспоро или не ни може да се утврди па ги оставаме настрана. Исто така и поради ковид-мерките“, рече Даштевски.

Најголема излезност до 17 часот има во Новаци 70,13 отсто, а најмал одзив има во Брвеница каде до 17 часот гласале 24,83 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...