fbpx

ДИК: До 10 часот во Теарце гласале 76 лица

-

Државната изборна комисија информира дека на избирачкото место број 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 10 часот на гласање излегле 76, или 10,64 отсто од вкупниот број на гласачи.

Следниот податок за излезност на гласачите ДИК ќе го соопшти околу 13 часот.

Првичните неофицијални резултати од ова гласање ДИК ќе ги соопшти вечерва околу 21.30 часот.

Гласањето во Теарце беше прекинато неколку минути пред 9 часот бидејќи не работела УВ-ламбата со која се проверува дали гласачот претходно гласал на друго место.

Избирачкиот одбор констатираше дека треба да се прекине гласањето на еден час, но по 15 минути гласањето продолжи нормално откако УВ-ламбата проработела.

На избирачкиот список во ова гласачко место има запишано 714 лица, а на изборите на 11 декември гласаа 404 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...