ДИК ќе потроши најмалку 6,5 милиони евра за медиумската изборна кампања на партиите

-

Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571.500.000 денари (9.292.683 евра). Од нив, најголем дел или околу 400 милиони денари (6.504.065 евра), се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

– За оваа намена за претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва, да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме – рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата која го усвои и Планот за јавни набавки што се однесуваат и на редовното функционирање на Комисијата, но и за реализација на изборните активности.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Македонија уште 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Не е точно дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и бил одбиван

Лажна вест јавува дека Зеленски трипати барал покана за инаугурацијата на Трамп и дека бил одбиван, а тоа се раширило преку еден скриншот, наводно од објава на Доналд Трамп Помладиот, која...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Македонија уште 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата...