Доколку би се вовел само дигитален извод од матичната книга на родените, за пет години тоа на граѓаните на Северна Македонија би им заштедило 44,11 милиони денари или повеќе од 700.000 евра. Ова го покажува истражувањето на Центарот за управување со промени, кој направил анализа на соодносот „трошоци – придобивки“ од дигитализацијата на услугите, пишува „Порталб.мк“.

Сите трошоци и придобивки за целиот петгодишен период се пресметувани според сегашната вредност на денарот.

Граѓаните би штеделе на време, а би заштедиле и пари од тоа што нема да има потреба од превоз. Институциите ќе заштедат во однос на персоналот, така што вработените би добиле други работни места и задачи, а најбитно од се, ќе се штеди канцелариски материјал, односно хартија.

Трошоците би биле во делот на дигиталните сертификати, електронскиот систем, рамката на ИТК и амортизацијата на електронскиот систем“, се вели во истражувањето на Центарот за управување со промени, во кое се прикажани и финансиските износи за тоа колку би добила државата од дигитализацијата на електронските услуги.

Доколку издавањето на изводот од матичната книга на родените се дигитализира, тој би се добивал со само неколку кликови. Во инфографикот погоре може да ги видите финансиските заштеди за граѓаните од дигитализацијата на услугите.

Дигитализацијата на услугите е повеќе од потребна со оглед на резултатите од истражувањето „Еурометар 2019”, спроведено од “Граѓанската алијанса за транспарентност“, според кое граѓаните се жалат на: препраќање од шалтер во шалтер, од вработените кои не вршат и не пружат услуги, непрофесионалност, лошо однесување на вработените, одложување на роковите, забавување, одложување на постапките, слаб квалитет на услугите.

Според истражувањето, само 30 отсто од граѓаните сметаат дека услугите што ги дава јавната администрација се лесно достапни, 22 отсто од граѓаните сметаат дека услугите се брзи, а само 24 отсто од испитанците сметаат дека услугите се квалитетни.