Играта Where Winds Meet моментално е најпопуларната бесплатна ММОРПГ игра, покрај тоа што сите содржини се бесплатни во играта, козметиката и одредени работи за купување во играта имаат навистина астрономски цени.

Вчера во играта беше продаден брод за на море за 50.000 долари. Бродот изгледа грандиозно и може да има голем број играчи на палубата зафатени со различни активности, но сепак се работи за дигитален брод во игра.

 

За оваа игра имаме повеќе написи од првата нејзина најава, но популарноста и расте рапидно и до огромен степен затоа што сите содржини се бесплатни и играта е толку добро оптимизирана што може да се игра и на основен компјутер. 

Во видеоигрите општо кога ќе се појави богат човек којшто купува ајтеми од кеш шопот на играта што имаат астрономски цени, најчесто се работи за козметика за оружја, оклопи и аутфити, маунтови и останато.

Тие се познати како „Китови“ или “Whales”. Тоа е „гејмерско-информатички“ термин за богаташ од реалниот живот којшто сака да привлече внимание во дадена игра со најновите скинови, каде што цело време го превзема вниманието на дргуите играчи во играта.

Ова фукнционира во некои игри умерено и разумно. Но овојпат во играта Where Winds Meet  ситуацијата е полоша од тој аспект и од бизнис моделот и кеш шопот на Диабло Имортал, каде имаше прескапи работи за купување и луѓе пак ги купуваа. 

Во Where Winds Meet цените се директно драстично прескапи, некои и тотално неразумно држат цени, еве и други работи што ги купуваат Китовите во дадената игра, следното видео е за купување на оружје со специјален скин што чини 2000 долари во вистински пари: 

Следното видео од најпознатиот Јутубер за видеоигри Asmongold при неговото купување на скин за коњ за јавање во играта што го чинеше 500 долари: 

Почнаа да се појавуваат нови видеа со луѓе со вишок пари на интернет како купуваат екслузивни скинови затоа што мислат дека ако ги набават во стартот на играта – можно е потоа да бидат недостапни како што се разива играта еве друг пример на трошење на 1000 долари за скинови: 

Првата причина на овие „Китови“ е да бидат грандиозна појава во играта со најнови скинови, но и да привлекуваат огромно внимание од други играчи каде и да се појават. Но ова нуди и сосема ново поле на црниот пазар каде се продаваат акаунти каде луѓе инвестираат во скинови кои се временски ограничени.

Да се купат за потоа да препродаваат цели акаунти од играта на црно по уште поастрономски цени-што е нелегално во сите земји ширум светот. И второто е фактор, но секако ве советуваме никако да не плаќате за бустање или да купувате појачувани акаунти. Сепак тоа би ја поништила целта на играта.

Каде се треба да стекнете сами, а и скиновите се само за изглед -многу поважен е напреварот во вешто совладување на играта одошто како ви изгледа ликот или што се имате во играта. А и запамтете дека има нешто многу поважно и од ајтеми, голд, левел и скинови -а тоа се луѓето.

И секако и новите пријатели со кои играте во дадени видеоигри со кои имате интеракции секојдневно на пријателска база -кои знаат да се развијат во долгогодишни интернет пријателства. Бидејќи некои работи едноставно не се купуваат со пари. 

Ако имавте потешкотии да разберете дел од терминологијата во овој напис ви препорачуваме да ги прочитате следните два водичи за термини -за Водич за термини во RPG игрите и Водич посветен на значењето на скиновите во видеоигрите воопшто -каде просто и од збор до збор се објаснети фразите од таканаречениот „гејмерски кодиран јазик.“