„Диџеј Ахмет“ вчера премиерно прикажан на „Санденс“, собира бројни позитивни критики

„Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија за момчето Ахмет од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта

-

Tрогателнoто играно деби на писателот и режисер Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“, собира бројни позитивни рецензии. Филмот синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот „Санденс“ во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм. „Холивуд репортер“ пишува рецензии и за македонски филмови, а филмот го оценува како инспиративна приказна за созревањето.

„Во средина во која религијата и традицијата доминираат и кај младите и кај постарите, 15 годишниот овчар спасот од секојдневието го наоѓа во електронската музика. Тоа му помага да го издржи гневот на неговиот строг и доминантен татко, како и да се поврзе со девојка која е ветена на некој друг“, пишува „Холивуд репортер“.

„Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија за момчето Ахмет од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот е снимен со 23,5 милиони денари од Агенцијата за филм за 2020 година, а доби поддршка и од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“.

 

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...