Diablo 4 ќе има отворена бета од 24 до 26 март

Лилит Диабло 4 скриншот од Близард
Лилит Диабло 4 скриншот од Близард

Diablo 4 ќе има отворена бета на која ќе може да се приклучи секој бесплатно. Бета евентот ќе трае од 24 до26 март, при што ќе биде отворен првиот чин од играта и ќе може да се креваат нивоа до дваесет и петтото.

Сите што ќе стигнат до дваесеттото ниво ќе добијат специјални козметчки предмети, меѓу кои и мал волк што се носи во торба на грбот. Ако ја купите играта пред да биде официјално објавена, ќе можете да ја играте од 17 до 19 март и вашиот напредок ќе се пренесе и во отворената бета. Но за жал сè што ќе постигнете за време на овие настани ќе биде целосно избришано затоа што потоа ќе се балансира играта.

Во Диабло 4 главниот негативец ќе биде Лилит преставена како ќерка на Мефисто што е сега демоница, а дејството ќе се случува во „Sanctuary“ светот.

Контроверзноста со ликот на Лилит е во тоа што се смета дека била отстранета од Библијата во средниот век, затоа што всушност таа, а не Ева била првата жена на Адам која што не му се покорувала и затоа е и феминистички симбол. Секако во Diablo 4 има друга улога. Мора да се земе во предвид дека сето ова е имагинарно. Една од најскапите фигури што се продаваат на сајтот на Близард е токму мини статуата од Лилит која што чини 600 американски долари.

Интересна карактеристика во Diablo 4 е што оклопите што ќе ги земате како предмети ќе имаат различен изглед во зависност од зоната во која „паднал предметот“. На пример ако ви падне во пустина ќе изгледа различно од оклоп што ќе ви падне во ниво со снег.

Што се однесува до цената на Diablo 4, играта е прескапа, а ако ја сакате сеопфатната варијанта на играта со сите бонуси, тоа ќе чини 100 евра ако се купи предвреме, додека најевтината варијанта е 70 евра со само дел од бонусите. Имаме и други написи на тема за Diablo игрите што може да ги прочитате овде. А за дополнителни информации за Diablo 4 можете да го погледнете неодманешниот стрим на девелоперите.