fbpx

Џон Блондел: „Антоние и Клеопатра“ – најкомплексна театарска претстава

-

Народниот театар од Битола вечерва на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја одигра театарската претстава „Антоние и Клеопатра“ на текст од Вилијам Шекспир.

Адаптацијата и режијата на претставата „Антоние и Клеопатра“ ги направи американскиот режисер Џон Блондел, кој вторпат гостува на „Охридско лето“.

– Задоволство ми е што сум вторпат во Охрид. Првиот пат бев со „Хенри Шести“ во 2012 година. Кога дојдов првиот пат со Битолскиот театар, добив идеја следниот пат да се вратам со претставата „Антоние и Клеопатра“. И навистина се вратив пак со „Антоние и Клеопатра“ токму на местото каде што ја добив идејата за оваа претстава. Премиерата на оваа претстава се одржа во средата во Битола и таа беше многу добро прифатена од публиката – рече Блондел.

За режисерот Блондел, „Антоние и Клеопатра“ е најкомплексна и најкомплицирана театарска претстава за изведување и една од најголемите трагедии заедно со „Кралот Лир“ „Магбет“ и со „Отело“.

– Во сите три сцени, претставата изведена на англиски јазик трае четири часа. Моравме да го скратиме сижето и се сконцентриравме на улогите на Клеопатра, Антоние и на Аурелие Цезар. Кога го играте Шекспир, имате две ѕвезди. Првата е Шекспир, а втората е актерскиот ансамблот – вели Блондел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...