fbpx

Џерард летово ќе го напушти Ливерпул

-

Англиските медиуми пренесуваат дека капитенот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Стивен Џерард, нема да го продолжи договорот и летово ќе го напушти „Енфилд“.
Оваа инфромација ја потврдија и Џерард и челниците на клубот. Тириесет и четиригодишниот репрезенатативецот на Англија изјавил дека сака ново искуство во кариерата и во животот и затоа ќе го напушти клубот.

Џерард сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, но знае дека ќе потпише за клуб кој нема да го доведе до директна конкуренција со Ливерпул.
– Ова е најтешката одлука во мојот живот, една од оние поради кои јас и моето семејство бевме во агонија извесен период. Го објавувам денеска моето повлекување за да може менаџерот и екипата да не бидат под влијание на шпекулациите за мојата иднина. Ливерпул беше толку многу време дел од нашите животи, па збогувањето ќе биде тешко, но чувствувам дека е во најдобар интерес на двете страни. Ќе продолжам да играм, но во моментов не можам да потврдам каде ќе биде тоа. Можам да кажам дека нема да играм за клуб што ќе игра против Ливерпул – рече Џерард во своето обраќање.

Тој им се заблагодари на навивачите и вети дека сè до крајот на сезоната ќе биде посветен на тимот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...