fbpx

„Џентерм“ од САД планира идната година да отвори фабрика за автокомпоненти во Прилеп

-

Компанијата „Џентерм“ со седиште во местото Нортвил, сојузна држава Мичиген, САД, извести дека има намера во четвртиот квартал од 2015 година да отвори нова фабрика во близина на Прилеп. Ова предмалку на својот фејсбук-профил го најави и премиерот Никола Груевски.

Во првата фаза, фабриката ќе биде на површина од околу 6.000 квадратни метри и ќе произведува комплетна линија на уреди за затоплување на автомобилски седишта и други индустриски производи. Во период од три години, фабриката се очекува да достигне полна вработеност и да обезбеди 1.000 работни места, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.

Претседателот и извршен директор на „Џентерм“, Даниел Р. Кукер, истакна дека новата фабрика е доволно голема за дополнителна експанзија за да ги задоволи потребите од очекуваниот пораст на зголемувањето на европските операции на компанијата.

– Наши клиенти се сите големи производители на автомобилска опрема во светот и како нашата палета на производи продолжува да расте, за нас е сè поважно да имаме глобална мрежа на производствени капацитети – истакнува Кукер, додавајќи дека „Џентерм“ има фабрики во Украина, Мексико, во Лангфанг – Кина, а од неодамна отворена е и фабрика за електронски компоненти во Шенжен, Кина.

– Ние, исто така, имаме и силен специјализиран бизнис за кабли во Европа, кој продолжува да се зголемува. Веруваме дека Македонија ќе ни обезбеди компетитивна средина за да можеме да ги спроведеме нашите амбициозни планови за пораст во Европа и на други места во светот – додава Кукер.
„Џентерм“ произведува и продава автоуреди за управување со температури за широк дијапазон, чија намена е греење или ладење. Производите во автомобилската индустрија на компанијата вклучуваат активно затоплени или разладени внатрешни системи (вклучувајќи затоплени седишта, волани, компоненти за потпирање и слично), кабловски системи и други електронски уреди. Компанијата развива поефикасни материјали за термоелектрични и системи за употреба на искористената топлина, како и за генерирање електрична енергија за автомобилскиот пазар, кои можат да имаат бројни апликации во уредите за домаќинствата, како и на индустриските и технолошките пазари.

В.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...