fbpx

Џафери се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

-

Талат Џафери, новоизбраниот претседател на Собранието, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, која изразила надеж дека по политичката криза на демократски начин ќе се ретаблираат државните институции, како следна фаза во стабилизирањето на земјата.

„Амбасадорката ја подвлече понатамошната подготвеност на Швајцарската Конфедерација активно да продолжи со проектите во Македонија, особено со Собранието, бидејќи има директна финансиска и стручна улога во активностите на на Парламентарниот институт. Исто така, информираше за новиот проект кој ќе има цел да го опфати целото Собрание, за што дополнително ќе се разработат фазите, носителите и севкупните активности за реализација. Двајцата соговорници разменија согледувања и очекувања и за немилите случувања од 27 април во највисокиот дом на граѓаните, за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за следните чекори поврзани со формирањето нова влада како израз на парламентарното мнозинство, за актуелната правна ситуација поврзана со распишување локални избори (и во контекст на веќе почнатите проекти на општините со швајцарската влада), како и за улогата на претседателот и на целото Собрание во оваа постапка согласно Уставот и законските одредби“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Џафери и швајцарската амбасадорка изразиле очекување дека ќе продолжи соработката помеѓу двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...