fbpx

Џафери и Попоски во Собрание се сретнаа со Сијарто

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој е претседателот на Советот за евроинтеграции. Никола Попоски денеска имаа одделни средби со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Џафери му се заблагодарил на Сијарто за помошта и подршката на Унгарија, во справувањето со мигрантскиот бран.

Тој му потенцирал унгарскиот министер за надворешни работи и трговија дека членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ останува и понатака врвен државен, политички и стратешки приоритет на што Сијарто рекол дека Унгарија ќе биде најсилен глас и поддржувач на интегрирањето на Македонија во овие структури, бидејќи смета дека се исполнети сите потребни критериуми за полноправно членство.

Џафери го информирал Сијарто за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и за интензивираната комуникација со Република Грција во насока на постигнување на заемно прифатливо решение во однос на спорот со името, со надеж овие напори да вродат со плод, односно Извештајот за напредокот на Република Македонија да биде позитивен, без дополнителни услови, а на Самитот на НАТО, Македонија да добие покана да стане 30-та членка на оваа безбедносна структура.

Сијарто и на Попоски му ја повторил поддршката од Унгарија во евроатлантските аспирации на Македонија.

-Кога ќе влеземе во ЕУ зависи од членките на ЕУ, но кога ќе се европеизираме зависи само од нас самите. Затоа, вниманието треба да ни биде на зајакнувањето на институциите и примена на законите повеќе отколку на што било друго – истакнал Попоски.

Двајцата соговорници констатирале дека местото на Македонија е во европското семејство, и дека стабилноста на државата зависи од односите на соседите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...