fbpx

Џафери до Димовски: Јас не познавам поим страв, вие од ВМРО-ДПМНЕ тоа добро го знаете

-

Јас не познавам поим страв. Тоа вие од ВМРО-ДПМНЕ многу добро го знаете. Јас немам од што да се плашам, му рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на почетокот на седницата за пратенички прашања.

Илија Димовски бараше процедурално да говори, но Џафери не му дозволи затоа што партијата ВМРО-ДПМНЕ известила дека тој повеќе не е координатор. Откако Димовски инсистираше и не сакаше да замине од говорницата, Џафери му дозволи и рече дека граѓаните се тие кои ќе ги ценат постапките на пратениците.

– Барам список на поставени, а неодговорени прашања, да се објави на веб-страницата на Собранието и да се испрати до медиуми заради транспарентност. Барам да констатирате кои членови на владата се присутни тука. Не може со пола влада тука да си играме пратенички прашања и да глумиме транспарентност и отчетност. Тоа е непочитување. Јас знам дека се плашите кога ќе излезам јас на процедурално, но ова мора да се одговори – рече Димовски.

Претходно, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата пуштаа музика од своите мобилни телефони, а координаторот на пратеничката група Драган Данев рече дека тоа било продолжение на општата забавна атмосфера во државата.

– Веселби во тунели, веселби на секој чекор, на секое ќоше за граѓаните да заборават на предизборните ветувањата за поголеми плати и пензии, за откривање коруптивни зделки во владата. Наместо одговори на реалните проблеми, ние имаме само забави. И Могерини рече дека пола час е доволно за славење за ваков извештај за кој што треба уште многу да се прави. Да завршите со забавите и да почнете да работите – порача Данев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...