Дезинформациите за „уништувањето“ на корона вирусот и ракот не умираат

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Босанскиот сервис за борба против дезинформации „Raskrinkavanje.ba“ откри нов случај на пласирање на дезинформацијата дека во исламските земји ракот се лекува со постоење, чие ширење во септември минатата година го анализираше „Мета.мк“. Случајот што босанскиот сервис за борба против дезинформациите го разоткри е реприза на тогашните пишувања.

Основната теза на овие дезинформативни написи е дека во исламските земји ракот бргу, едноставно и економично се лекува; дека жителите на тие земји не се плашат од него, оти не бил сериозна болест и лесно и бесплатно се победувал, и дека тоа може да се направи со пост од третина или половина од денот.

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Faktograf.hr“, се зафати со оповргнување на бројните заблуди за заштита од новиот корона вирус. „Мета.мк“ веќе ги пренесе контрааргументите на ваквите заблуди кои беа подготвени од грчкито сервис за борба против дезинформациите „Ellinika Hoaxes. Станува збор за заблудите дека вирусот може да се совлада со пиење топла вода на секои 15 минути, а да се избегнуваат студени пијалоци и сладолед, да излегувате на сонце за да го убиете вирусот, како и „упатството за самодијагностика“, односно дека ако го задржите здивот 10 секунди и потоа не се закашлате, не се гушите, не сте напнати, значи дека немате цистична фиброза во белите дробови и ситуацијата не е неповратна.

Сите овие дезинформации немаат врска со вистината, оти вирусот не влегува само во усната шуплина туку и во носот, па пиењето топла вода нема да го однесе вирусот до желудникот, каде киселините ќе го уништат, туку само ќе се натерате на повраќање.

Второ, вирусите се уништуваат на повисоки температури отколку оние што човек може нормално да ги поднесе, па и излегувањето на сонце и загревањето на телото немаат никаков ефект.

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 18 часот. „Македонија...

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по...

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Во раните утрински часови на 16 март, избувна пожар во ноќен клуб во Кочани, при што 59 лица трагично го загубија својот живот, а повеќе од 155 беа повредени. Веднаш по...

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59...

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од...