fbpx

Дезинформациите за мигрантите во регионот полека ги истиснуваат оние за корона вирусот

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно  кајсродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Паниката околу нов наплив на мигранти на Балканот, откако Турција најави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и ќе ги отвори своите граници за тие слободно да излегуваат од земјата предизвика дезинформации во некои балкански медиуми.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите и лажните вести Ellinika hoaxes пронајде дезинформација на некои грчки веб-сајтови дека поради стравот од надоаѓање десетици илјади мигранти преку реката Еврос (Марица) во регионот Еврос, почнала евакуација на луѓето од селото Кастанес. Веб-сајтовите тврделе дека поради стравот оти грчките безбедносни сили нема да можат да го сопрат бранот мигранти, односно дека големата маса луѓе од другата страна на границата одеднаш ќе продре.

На таквите гласини, пишува Ellinika hoaxes, реагирал Василис Мавридис, градоначалникот на Орестиада и претседател на Регионалната асоцијација на општините во Источна Македонија и Тракција. Тој преку неговиот профил на Фејсбук порачал дека нема наредба за евакуација на Кастанес и побарал да не се пренесуваат лажни вести.

Според тоа, нема наредба за евакуација, и покрај тоа што состојбата на границата е неизвестна, нагласува Ellinika hoaxes.

Дезинформација поврзана со мигрантите, иако не во директна врска со стравот од нов бран миграции низ Балканот, се проширија и во соседна Србија.

Таму, со фотографија од Грција направена пред пет години е илустрирана исто така со години стара вест за напад на мигранти врз девојче, пишува српскиот сервис за борба против дезинформациите „Раскрикавање“.

Станува збор за десничарски ориентираните веб-сајтови Srbin.info и Novine NovoSadske.

Srbin.info под насловот „Hteli da snimaju silovanje. Detalji jezivog napada migranata na devojčicu u Subotici“ (Сакале да го снимаат силувањето. Детали за морничавиот напад на мигранти на девојче во Суботица) на 25 февруари годинава ја објавил како сосема нова веста која што првпат во 2016 година ја пласирал весникот „Блиц“, кога нападот и се случил.

Речиси идентично постапил и сајтот Novine NovoSadske, кој го објавил текстот со наслов „Migranti hteli da snimaju silovanje devojke u Subotici! Komesarijat kaže, to nisu veliki incidenti…“ (Мигранти сакале да снимаат силување девојка во Суботица! Комесаријатот вели, тоа не се големи инциденти…), а употребил фотографија направена на грчкиот остров Кос во 2015 година, кога полицијата нападнала мигранти при нивната регистрација.

Но тоа е само втората од дезинформациите на овој портал покрај првата – тврдење дека станува збор за нов случај. Третата дезинформација е што сосема непогодно употребиле изјава од Комесаријатот за бегалци која воопшто не се однесувала на овој случај, била дадена за телевизата Н1. Имено, Светлана Палиќ од Комесаријатот за таа регионална телевизија зборувала и изјавата ја дала во врска со новиот случај со „Народните патроли“ кои се закануваат со напади на мигрантите, а не за случајот со силувањето „старо“ четири години, напоменува „Раскрикавање“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...