fbpx

Дезинформациите за мигрантите на грчката граница сеат паника дури до БиХ

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Стравот од нов мигрантски бран на Балканот, откако Турција најави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите и ќе ги отвори своите граници за тие слободно да излегуваат од земјата кон Грција и Бугарија, покрај овие две земји, веќе е силно присутен и пошироко на Балканот дури и во Босна и Херцеговина (БиХ).

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“ регистрираше случај на пласирање дезинформација за бројката на мигранти на грчката граница, како и за нивната определба. Еден текст со наслов „Ovo nisu ni izbjeglice ni migranti, već ih ima 80,000 na granici sa Grčkom (Ова не се бегалци ни мигранти, веќе ги има 80.000 на границата со Грција) објавен од „Херцеговачки портал“, а потоа тргнат, но пренесен од други портали, тврди дека на турско-грчката граница околу 80.000 фанатизирани луѓе „чекаат да почнат инвазија“ на Европа. Но тоа е целосно неточно, пишува „Фактограф“.

Овој сервис вели дека според податоци од Меѓународната организација за миграции, на грчката граница на 1 март, денот кога е објавен спорниот текст, имало 13.000 мигранти. Дополнително, во текстот што „Фактограф“ го анализирал, се вметнати и неколку постови од Твитер со тврдење дека ја покажуваат актуелната ситуација на граница, но, според сервисот за проверка на факти, навистина е невозможно да се тврди дека снимките се автентични.

Во меѓувреме, и во Грција, како една од двете земји што се први на удар од нов бран мигранти) се најбројни дезинформациите поврзани со мигрантите. Грчкиот сервис за проверка на фактите и лажните вести Ellinika Hoaxes наишол на уште една дезинформација во грчкиот интернет простор. Имено, неколку грчки портали излегле со тврдење дека поради надоаѓачка криза со мигрантите, амбасадата на САД во Атина издала препорака до Американците да не патуваат во Грција.

Но, тоа е невистина, оти станува збор само за информација дека некои државјани на САД биле цел на напад при обидот да пристигнат на островот Лезбос. Не станува збор за препорака за (не)патување, пишува Ellinika Hoaxes.

Стејт Департментот, само предупредува дека има можност за загрозување на безбедноста и ги предупредува државјаните на САД да размислат за напуштање на местото каде што се ако се почуствуваат лично загрозени, да имаат план за евакуација што не зависи од помош на амбасадата на САД, да ги почитуваат препораките на локалните власти и да избегнуваат собири или протести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...