fbpx

Дезинформациите се стари колку и човештвото, медиумите денес се преслаби да ги совладаат

-

Дезинформациите не се ништо друго освен лага, стара колку и човештвото. Само што во овие нови времиња тие лаги во вид на лажни вести се пласирани од одреден центар на моќ и со (зло)употреба на медиумите, се прави обид некому да му се наштети или да ја заведе јавноста во своја корист. Медиумите се претворија во платформа за пласман на такви лаги, а новинарите станаа мрзеливи, при тоа заборавајќи на својата основна работа – да ги проверат информациите и да ги слушнат двете страни.

Оваа „медиумска дијагноза“ преовладуваше на панел дискусиите, на кои учествуваа новинари од регионот на некогашна Југославија, како и гости од САД, на годинашното издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ, Хрватска.

Слободан Георгиев, БИРН Србија

– Оваа ситуација ја произведе практиката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на нацијата ѝ се обраќа преку Твитер и ја поништи традицијата стара 200 години со цел да докаже дека весниците „Њујорк тајмс“ или „Вашингтон пост“, кои се медиумски институции, тој вели – не, тоа не е тоа. Јас ви ја говорам вистината и ви се обраќам лично. И тука почнува да се губи нишката, бидејќи медиумите се тука да даваат одговори. Публиката е збунета за тоа која е вистината. Политичарите се обраќаат лично и дискредитираат новинари и медиуми, често пласирајќи и лажни вести, посочувајќи – тој новинар не е новинар – кажа на еден од панелите, Слободан Георгиев, уредник на БИРН – Србија.

Георгиев потсети дека тој „трампизам“ Србија го има со години и, како што вели, „вистинско чудо е како Трамп не посака да дојде во Србија и да учи од мајсторите“.

– Од кога ја имаме оваа власт, на сила е „трампизмот“. Не треба да се мачи Трамп и да твитува, нека го примени методот на српската власт – земи ја камерата на ТВ „Пинк“ и зборувај со часови – вели Георгиев.

Проблем се полуинформациите за манипулација со јавноста

Главниот проблем во регионот не се само лажните вести, оценија говорниците, туку пред сѐ полуинформациите, кои се пласираат секојдневно дури и преку традиционалните медиуми, кои по правило, треба да имаат некој систем на проверка на информациите, односно факт – чекинг.

Андреја Арежина Гргичевиќ, Хрватска радио-телевизија (ХРТ)

– Лажните вести лесно се разоткриваат, а со тоа и „убиваат“. Проблем се полуинформациите или манипулација со информациите, односно кога подлогата е вистинита, но не се зборува целата вистина. Поради тоа има цел еден сив простор меѓу точното и неточното. Дезинформациите намерно се пласираат со цел да се манипулира и да предизвика одредена емоција. Затоа е многу важно да се знае од каде доаѓа информацијата. Тука на сцена доаѓаат новинарите и нивните уредници, кои најмалку што можат е да ја проверат пред да ја објават – рече Андреја Арежина Гргичевиќ, уредник на порталот и нелинеарни услуги на Хрватската радио – телевизија (ХРТ).

Таа сива зона е просторот за проверка на фактите. Во Хрватска, како што беше речено, нема посебни тимови како во големите светски медиуми, кои ќе работат само на проверка на информациите.

Мојмира Пасторчиќ, уредник и водител на телевизија „РТЛ Директ“

– Луѓето кои читаат, не знаат дека е тоа лажна вест. Тие само следат некој линк од социјалните медиуми, што особено важи за младите. Тоа се луѓе кои не знаат како да ги верификуваат фактите, да ги декодираат, немаат едукација, за што треба одредена медиумска писменост, која изостанува во училиштата. Тоа во светските медиуми се прави преку тимовите за проверка на информациите, што е голема машинерија, која хрватските медиуми не можат да си ги дозволат. Затоа, сѐ е оставено на професионалноста на новинарите и уредниците – е ставот на Мојмира Пасторчиќ, уредник и водител во телевизијата „РТЛ Директ“ од Загреб.

Некогаш медиумите, барем дел од нив, го прават тоа во име на сите. Беше истакнат примерот со угледниот американски весник „Вашингтон пост“, кој во неделното издание пишува за петте главни грешки кои биле објавени во американските медиуми. За тие пет точки, се проверуваат фактите, се нудат многу нови факти, се дополнуваат и дообјаснуваат, со што се „убиваат“ лажните вести.

Записниците на сведок во Хрватска објавени по седум дена проверка со адвокат

Дури и кога се работи за документи, треба да се проверат, бидејќи тоа е во основата за работа на еден новинар, беше ставот на професионалците, кои беа дел од панел дискусиите во Ровињ. Слично како и во Македонија неодамна, со објавувањето на записник од сослушување, во Хрватска објавувањето на ваков записник беше една од поголемите афери, со тенденција да ѝ наштети на власта. Сѐ почнало кога до регионалната телевизија Н1, во редакцијата во Загреб, анонимно се испратени документи, вклучувајќи го и записникот.

Тихомир Ладишиќ, директор на програма и вести во хрватскиот тим на телевизија Н1

– На сѐ треба да се пристапува критички, па и во проверката на вакви документи. Кога по анонимен пат ги добивме записниците, ние седум дена ги проверувавме со адвокат. Ги ставивме на маса во Обвинителството и им рековме дека анонимно ги добивме документите и бараме автентичност. И добивме! Добивме потврда на автентичноста од Обвинителството и објавивме. Тогаш немаше кој да каже дека тоа е лажна вест – рече Тихомир Ладишиќ, директор на програма и на вести на хрватската редакција на телевизијата Н1.

Ладишиќ го изнесе својот став дека лажните вести плански се пласираат и во позадина ја имаат целта да се наштети, а често тоа се прави со одредени медуми, кои се критички настроени кон власта. Таков е случајот со Н1, медиум, кој според Ладишиќ, власта се обидува да го обезвредни во очите на публиката, да каже дека не треба да им се верува, бидејќи објавуваат работи кои на власта не ѝ се допаѓаат.

Сепак, во осилувањето на власта и просторот за лажни вести, свој удел имаат медиумите, особено во земји каде главно телевизиите се претворија во ПР сервис на власта. Можеби тоа е причината што според едно од истражувањата, 60 отсто од луѓето во Хрватска избегнуваат вести.

Дражен Кларич, уредник на хрватскиот весник „Вечерњи лист“

– Медиумите станаа мрзеливи, новинарите заборавија дека се тука за да дознаат, да проверат објаснат зошто е тоа така. Не пишуваме вести со „чувме“, туку со „дознавме и проверивме“. Медиумите останаа неподготвени за новото време кое се менува неверојатно брзо, мислејќи дека местото во општеството природно им е дадено и им припаѓа. Нашата работа е да се избориме за нашето место. Лажни вести имало отсекогаш. Па што се таблоидите?! Дали денес општеството бара повеќе „жолти вести“? Медиумите се такви какво што ни е општеството. Но, ние не треба да престанеме да ја вршиме својата работа, да објавуваме факти и да кажеме јавно кога некој се обидува да манипулира со вестите – смета Дражен Кларич, уредник на хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Требаат едуцирани новинари и медиумски писмена публика

Еден од предлозите за решање на проблемот со пласманот на дезинформациите е формирање на тело по примерот на регулаторна комисија како што ги има за струја и вода, која врз основа на критериуми ќе одобрува работа на медиуми, особено на дигиталните платформи кои се претворија во платформи за манипулативни и лажни вести. Друг предлог што произлезе од ставовите на професионалните новинари е до-едуцирање на публиката преку содржини за медиумска писменост, но и на новинарите.

– Медиумите денеска само го препакуваат тоа што го испратиле ПР служби или агенциите. Таква содржина не поминува кај луѓето. Сакаат твое дело. И при тоа, не е доволно само да се знае напредно пребарување на Гугл и да се знае како да се испраќаат барања по Законот за слободен пристап до информации. Не, тоа го прават ботовите. Ти треба да одиш на улица и да разговараш со луѓето, да се преиспита тоа што сте го дознале. Новинарите треба да учат, да знаат дигитална форензика и финансиска форензика и да се знае кој што во земјата работи. Имаме новинари кои не знаат кој е што во државата и каде да се обратат – кажа Слободан Георгиев од БИРН.

Што се однесува до публиката, илустративен е податокот дека 84 отсто од младите во САД секојдевно читаат вести преку социјалните мрежи, кои според оценките од новинарите во панел дискусиите, изобилуваат со лажни вести, а често шират и параноја. Според тоа, оценуваат новинарите, воведувањето на медиумската писменост во наставата и формирање на професионални тимови за проверка на вести се најдобрата одбрана од дезинформациите, кои често намерно се пласираат.

Американското „искуство“ со полуинформациите

Пензионираниот американски новинар, Џон Кохран на панелот во Ровињ направи анализа на однесувањето на неколку поранешни претседатели преку пласман на вести во нивна корист, во прилог на тезата дека политичарите отсекогаш наоѓале начин да ги „адаптираат“ медиумите. Дали преку користење на полуинформации, директно обраќање или некој друг метод, како што направил Абрахам Линколн, кој со еден акт затворил 300 медиуми, поради тоа што не му се допаѓало како пишуваат за него.

– Џорџ Буш постариот практикуваше да разговара со уредниците и патуваше по државите и даваше интервјуа. При тоа, тој го контролираше интервјуто. Трамп е брилијантен, без разлика на тоа што и да мислите за него. Тој е најмудар од сите. Твитовите му се брилијантни, има најмногу следачи од сите светски политичари, ги скокна медиумите и се претстави себе како најдобар комуникатор – претседател воопшто – рече Кохран.

Уапсени три лица од струшко осомничени за полови дејства со деца

Струшката полиција уапси еден малолетник и две возрасни лица од струшките села Враништа, Драслајца и Мороишта поради основано сомнение за полови дејства со деца помлади од 15 години. Од Основното...
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download lenevo firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free online course