fbpx

Дезинформациите се дополнителен предизвик за новинарите и слободата на медиумите во Косово

-

Во овој период на пандемија и борба со инфодемијата, потребни ни се професионални новинари, слободно новинарство, новинарство во служба на јавноста и што е можно поблиско до неа, за таа да биде информирана и да не биде оставена самата да се соочува со мноштвото дезинформации – било да се тоа погрешни и невистинити медицински совети или шпекулации што завршуваат како теории на заговор.

И оваа година, Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај – новинарите во Косово гo дочекаа во неповолна ситуација за практикување на професијата. Во споредба со соседните земји од регионот, Косово продолжува да рангира подобро во Индексот за слобода на печатот на „Репортери без граници“, но тоа не значи дека состојбата во земјата е подобрена.

Секој 3 мај се повторува барањето за заштита на медиумите и нивната слобода од политички, економски и разни интересни групи. Затоа, и понатаму наша непосредна цел останува определбата да ги ослободиме медиумите од овие притисоци и да се создадат подобри услови за работа на новинарите, договори што обезбедуваат економска стабилност и, во исто време, институционална безбедност и заштита. Само со создавање работни услови, финансиска стабилност и безбедност за новинарите, тие ќе бидат слободни да известуваат професионално, објективно, точно и без цензура или самоцензура, а исто така и да ги критикуваат и да се спротивстават на феномените, појавите, негативни активности и нивните носители.

Напади врз новинарите имаше и во последните 365 дена. Новинарот во Косово и понатаму се соочува со навреди, линч, вербални и физички закани. Според ЗНK, уште од избувнувањето на пандемијата, во Косово, имало осум случаи на загрозување на новинари од кои два се физички напади, еден обид за напад, две закани, две етикетирања и еден случај на спречување на вршење на должноста.

Исто така, новинарот во Косово продолжува да се соочува со економска и финансиска нестабилност. Всушност, финансиската нестабилност е уште поизразена во ова време на криза со пандемијата. Овој 3 Мај го наоѓа новинарот не само со грижи поради немање работен договор, туку е постојано малтретиран од стравот дека можеби ќе мора да продолжи да работи за помала плата, или дури да остане и без работа. И двете опции се веќе доживеани од некои новинари, било да е намалување на платата. било отпуштање од работа без никаква најава, како што налага законот.

Покрај сите овие предизвици, Светскиот ден на слободата на медиумите, новинарството во Косово и пошироко, го наоѓа исправено пред предизвикот од инфодемијата, постојаните дезинформации во врска со пандемијата, КОВИД-19. Во време на пандемија, потребно ни е професионално новинарство, слободно новинарство, и новинарство во служба и што е можно поблизу до јавноста, за да ја информираме и да не ја оставаме јавноста сама наспроти мноштвото дезинформации, било да се тоа погрешни и невистинити медицински совети или озборувања што завршуваат во теории на заговор.

Дезинформациите сериозно ја предизвикуваат новинарската професија и во ова време на криза; димензиите на овие дезинформации се зголемија толку многу што го напаѓаат новинарството во неговата суштина. Денес, во период на пандемија, новинарот повеќе не е единствениот испраќач на информации. Информациите сега веќе се испраќаат во јавноста и без посредство на новинарот, па прашање е што треба да направи новинарот за да им даде поголема вредност на информациите што ги пласира во јавноста. Ова бара од него придржување кон професионалните вредности на новинарството, но и на секој придружен постулат, како што се потврдување и упорност, покрај непристрасноста и другите главните принципи на новинарството. Новинарот мора да настојува информациите и вестите што ги пренесува пред јавноста да бидат потврдени, да ја убеди јавноста дека тој, а не други адреси на Фејсбук и на други места се местото каде што може да се најдат точни, исправни и брзи информации.

Значи, во време на пандемија и не само тогаш, од новинарот се бара објективност и точност во известувањето, користење официјални извори, интервјуирање експерти од областа, за да решава проблеми создадени со дезинформациите што се шират во општеството.

Исто така, треба да се напомене фактот дека недостигот на медиумско образование во училишните програми создава пасивни „потрошувачи“ на вести и информации, затоа што овие „потрошувачи“ им недостасува способност да ги вреднуваат информациите информации што ги добиваат, со што се создава соодветна основа за дисеминација на дезинформации кои имаат штетно влијание врз јавноста, но во исто време во голема мерка го оштетуваат и кредибилитетот на медиумите и новинарите.

Во време на пандемија, многу е важно да се има слобода на медиумите за да можеме подобро да се справуваме оваа криза. Новинарите во овој период на пандемија ги ризикуваат своите животи со цел ја информираат јавноста информирана, и поради тоа, освен што треба да им кажеме „Благодариме!“, мора исто така да придонесеме 3 мај 2021 година да ги најде во подобра состојба.

Дрен Гргури

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...