fbpx

Дезинформации за корона вирусот доаѓаат и од „лекари“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Дезинформации во врска со корона вирусот кои им се припишуваат на лекари или се директно произлезени од нив беа предмет на анализи на грчкиот сервис за борба против дезинформациите Ellinika Hoaxes.

Во поглед на „напомените и препораките“ од еден лекар што наводно работел во болница во Шенжен, Кина и дава низа совети како да се идентификува новиот корона вирус, а кои од февруари прилично брзо се проширија на Балканот, Ellinika Hoaxes пишува дека не само што не може да се потврди дека навистина станува збор за италијански лекар, туку и тврдењата немаат научна поткрепа.

Текстот се појави во неколку варијанти од февруари годинава.

„Ако ви тече носот и искашлувате, веројатно имате обичен грип или настинка. Пневмонијата од новиот вирус носи сува кашлица и не тече носот“, гласат првите тврдења во текстот, но се неточни, оти според американскиот центар за контрола на болестите (CDC) иако кај најголемиот дел од пациентите со новиот корона вирус не се појавува шлајм, тоа не е секогаш така, односно CDC вели дека иако поретко, кај заразените со овој вирус, се појавува воспаление, пишува грчкиот сервис за борба против дезинформациите.

Од друга страна, тврдењето дека корона вирусот умира на температура од 26 и 27 степени и затоа треба да се пие многу топла вода или чај, а да не се пие ладно, како и дека треба да се изложуваме на сонце, се заведувачки, оти тоа може да се однесува на сите вируси, а корона вирусите преживуваат подолго во услови на висока влажност и релативно ниска температура, пишува Еllinika Hoaxes, цитирајќи научна студија која покажала дека и при повисоки температури и висока влажност, вирусот преживувал до 6 дена, односно тврдењето не може да се земе за точно.

Дополнително, во анализираниот текст во еден од грчките медиуми било напишано дека се препорачува гаргарање со „Бетадин“ за да се убијат микробите или да се намали нивниот број во грлото, пред да се спуштат кон белите дробови.

„Ова е посебно опасно, оти може направи сериозни проблеми на луѓето што го следат овој совет. Првин мора да се напомене дека има слаби докази дека правењето гаргара со раствор на јод е ефикасно за која било форма на корона вирусите. Опасното е што не е кажано на кој „Бетадин“ раствор се мисли. Има посебен „Бетадин“ производ за уста и грло. Секоја друга концентрација може да има контраефекти, бидејќи „Бетадин“ е токсичен ако се проголта“, пишува Еllinika Hoaxes.

Во поглед на тврдењето дека дури и вирусот да влезе во устата, пиењето вода или други течности ќе го исфрли во хранопроводот и желудникот, каде желудочните киселини ќе го уништат, грчкиот сервис за проверка на фактите потсетува дека вирусот се пренесува преку воздухот, односно преку вдишување и дека иако може да влезе и во устата, не значи дека го има само таму. Во прилог на своето тврдење, грчкиот сервис за борба против дезинформациите посочува дека таква работа како погоренаведената не препорачуваат ниту CDC, ниту Светската здравствена организација.

Еllinika Hoaxes анализирал и тврдења на професорката по инфективни болести, Елени Јамарелу, дека вирусот ХИВ се пренесува полесно од новиот корона вирус преку лажичката при причестување. Тоа е неточно, бидејќи според CDC, заразувањето во таков случај со ХИВ е можно само ако човек има раничка во устата што крвави.

Во однос на другите тврдења дека ХИВ се пренесува полесно од новиот корона вирус, се посочува дека ХИВ се пренесува преку телесни течности, што го прави многу помалку опасен од новиот корона вирус, кој се шири преку воздух или преку капкички, кои може да останат и на некои површини, а човек при нивно допирање со рака, а потоа со допирање на устата, носот или очите, да го внесе вирусот во себе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...