fbpx

Дезинформации во Грција за средство за дезинфекција кое однапред “знаело“ за корона вирусот

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Грчкиот сервис за борба против лажните вести „Ellinika hoaxes“ успешно оповргна една дезинформација што интензивно се ширела на профилите на Грци на социјалните мрежи, а претходно беше застапена и во некои други земји. Станува збор за тврдење главно на социјалните мрежи дека производителот на средството за дезинфекција „Dettol“ знаел уште во октомври лани дека ќе се појави новиот корона вирус 2019-nCoV и го подготвил средството во обид да профитира од новата епидемија.

„Ellinika hoaxes“ потенцира оти е дезинформација дека средството е направено за новиот корона вирус. Од фотографиите од етикетата јасно се гледа оти производителот напоменал дека е ефикасно против човечки корона вирус, но вакви вируси има вкупно седум, а од тоа два се алфа-корона вируси, два се бета-корона вируси, а тука се и опасните Сарс и Мерс, како и новиот короноа вирус, пишува грчкиот сервис.

Дополнително, тој напоменува и дека тврдењето на производителот дека средството е ефикасно против корона вирусите, сè уште не е потврдено.

Сето кажано ги демантира тврдењата дека производителот знаел дека ќе се појави нов вирус и дека произвел ефикасно средство за негово уништување, заклучува „Ellinika hoaxes“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....