Насловот на текстот „Симон Трпчевски прекина концерт во Штип“ дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19 часот, објави „Критинг“.

Почетокот на текстот алудира на тоа дека Трпчески имал свој самостоен концерт во Штип. Во текстот никаде не се споменува новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште, во рамките на кои Трпчески настапи.

Дека Трпчески не го напуштил концертот, демант имаше и од директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков.

Станува збор за лажна вест дека Симон Трпчески го прекинал концертот, сведок за тоа е преполната сала со публика што беше фасцинирана од досега најдобриот новогодишен концерт на учениците и наставниците на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, Штип. Јасна е целта на оние што ја шират оваа лажна вест, меѓутоа ние како уметници остануваме да работиме професионално во интерес на учениците и самото училиште. Несовесно е на трудот на учениците и за еден таков прекрасен настан да се измислуваат невистини и сето тоа да се користи за какви БИЛО нечесни цели“, вели Кавраков во демантот.