Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

-

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира испитување за нова вакцина против ковид-19 која ќе може да се инхалира и која би имала подобро дејство против вирусот, бидејќи директно ги таргетира белите дробови и горните дишни патишта – каде што вирусот прво влегува во телото. Да се тврди нешто друго е само обична теорија на заговор

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Децата на ѓаволот не спијат.

Притоа објавата на српски јазик додава дека:

Канадската влада започнала со тестирање на инхалирана мРНК за Ковид „АероВакс“, на 1 мај 2025 година, аеросол што може да се прска одозгора во воздухот.

Во тој контекст објавата споделува и фотографија од авион кој наликува на канадер за гаснење пожари, порачувајќи дека со вакцини против ковид-19 ќе нè прскаат од воздух.

Фото: Принтскрин ФБ објава

За што всушност станува збор?

Истражувачите на Универзитетот Мекмастер започнаа втора фаза на клиничко испитување на инхалирана вакцина против ковид-19 од следната генерација.

Студијата AeroVax,  поддржана од Канадските институти за здравствени истражувања (CIHR) со 8 милиони долари, ќе тестира вакцини без игла развиени за да обезбедат заштита од SARS-CoV-2.

Наодите од претклиничките студии и податоците од првата фаза на испитување што наскоро ќе бидат објавени укажуваат дека инхалациската вакцина на Мекмастер е поефикасна во предизвикувањето на имунолошки одговори отколку традиционалните инјектирани вакцини, бидејќи директно ги таргетира белите дробови и горните дишни патишта – каде што вирусот прво влегува во телото.

Кога вакцината се вдишува, имунолошкиот систем на телото реагира на поинаков начин отколку кога се инјектира, што може да биде подобро во спречувањето на инфекцијата.

Оваа нова вакцина, наречена ChAd-triCoV/Mac, е насочена кон три различни протеини во вирусот SARS CoV-2 за да ја подобри способноста на вакцината да заштити од нови соеви (или варијанти) на вирусот COVID.

Студијата AeroVax ќе процени дали оваа нова вакцина против ковид-19 е безбедна за давање преку аеросол (инхалација) на луѓе кои се вакцинирани со најмалку три дози на мРНК вакцина против ковид. Истражувачите исто така сакаат да испитаат како имунолошкиот систем на телото реагира на оваа вакцина.

Никаде не најдовме информација дека целта на ова испитување е да се направи вакцина со која ќе нѐ прскаат од небо и ние ќе ја вдишуваме.

Нашата проверка покажа дека ваквите информации што ги пласира објавата, се базираат на напис преземен од Слеј њуз, веб-страница позната по ширење лажни вести.

Во овој напис, без никакви докази и факти, онака прозиволно, се наведува:

Сепак, развојот на инхалирани „вакцини“ би можел да овозможи голем број луѓе да бидат „вакцинирани“ одеднаш ако AeroVax се испрска во атмосферата. Доколку AeroVax се распореди во атмосферата, тој би можел да „вакцинира“ цели градови одеднаш, заобиколувајќи ја индивидуалната согласност. Според таква шема, населението би можело да биде „вакцинирано“ без нивно знаење.

Ова наликува на познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“ за која Вистиномер досега има пишувано во повеќе наврати.

Ваквата невистинита и заснована на дезинформации теорија, го претставува верувањето дека вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.

И во објавата што ја анализираме, и во сите објави кои ја шират оваа дезинформација, не се даваат никакви аргументи и докази за наводното прскање со авиони, освен тоа што самите авиони прелетуваат на небото и зад себе оставаат трага од кондензација која е погрешно интерпретирана како да е некаква отровна линија.

Од појавата на пандемијата оваа теорија на заговор се засили така што на социјалните мрежи се ширеа дезинформации дека нè прскаат со разни хемикалии.

Со оваа шпекулативна теорија се тврди дека ваквото хемиско прскање се случува за повеќе цели, како контрола на сончевото зрачење, модификација на временските услови, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошка или хемиска војна, тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популацијата, како и дека патеките предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази за дека некои авиони не прскаат со хемиски супстанции.  Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух  за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира испитување за нова вакцина против ковид-19 која ќе може да се инхалира и која би имала подобро дејство против вирусот, бидејќи директно ги таргетира белите дробови и горните дишни патишта – каде што вирусот прво влегува во телото. Да се тврди нешто друго е само обична теорија на заговор.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои...