Девојка на самостоен протест против изложба што беше дел од „Бела ноќ“ во Мала Станица

Фото: лична архива, Анастасија Саздовска

„Можеби експерименталните глувци нема да постојат бидејќи ќе постојат само глувци“, се зборовите на Анастастија Саздова која самостојно протестираше пред просториите на „Мала Сатница“, против инсталацијата ‘SILENTIO PATHOLOGIA’ што беше поставена минатата недела.

Инсталацијата беше дел од програмата на „Бела ноќ“ и влегува во склоп на изложбениот концепт „Допирот“.

Фото: Мета.мк

Според проспектот за изложбатта, авторката на инсталацијата, Елпида Хаџи Василева во својата идејна репрезентација за настанувањето и ширењето на болестите од типот на чумата како конкретен фокус користи кожи од 700 стаорци за кои е наведено дека се вештачки изработени и дека намерата не е да се направи штета врз било кое животно ниту преку проектот да се наштети било како врз животнта средина.

Младата средношколка Анастасија Саздова која протестираше, вели дека како млад човек кој се грижи за животните и животната средина била непријатно изненадена од „бруталноста на авторката кон животните ‘за’ и ‘во име на уметноста’“.

„Од тие причини се одлучив на протест кој беше упатен кон проектот на уметничката Елпида Хаџи Ваилева и нејзината инсталација ‘SILENTIO PATHOLOGIA’“, вели Саздовска.

Таа смета дека во изработката на оваа инсталација се употребени кожи од вистински животни, албино стаорци, како и живи хрчаци кои се изложени во кафези. Саздовска вели дека нејзиниот протест бил насочен и кон кураторот на проектот и институцијата која дозволила проекти од ваков тип.

Сакајќи на креативен начин да го изрази своето незадоволство, Саздовска креирала своја протесна инсталација што ја поставила пред Мултимедијалниот центар „Мала Станица“.

Протесното дело е составено од паролите: “Крзното изгледа убаво само на неговиот оригинален сопственик”, “Ако навистина се грижите за животните тогаш престанете да наоѓате начини како да ги експлоатирате ‘по хумано’, само престанете да ги експлотирате!” и „Човековите права не вклучуваат злоупотреба на животни!“.

Исто така, на подот таа постави кафез во кој виси фотографија од човечка дланка поделена и зашиена со црвен конец.

„Белата боја ја користиме кога почнуваме нов почеток. Белата боја асоцира нешто чисто. Со неа покриваме стари грешки. Белата е симбол на невиност. Човековата дланка е многу важен дел од телото. Преку неа чувствуваме и ги извршуваме работите во животот. Но, таа човечка дланка е алчна, и до се што ќе се доближи го уништува. Таа е толку храбра, што може и да убие. Човечката рака е поделена на неколку делови, одвоени со конец. Пребоенаво бело, избришани се сите нејзини гревови. На колку повеќе делови ја поделиме, толку повеќе таа ќе се ослободува од одговорноста дека има смртоносен допир. Кафезот е лишување од слободата. Кафезот сугерира казна, а зад решетките никој навистина не знае што се случува“, споделува младата креативка.

Како што посочи Анастасија, нејзината протестна инсталација била веднаш отстранета од пред просториите на Мала Станица.