Деветнаесетгодишно момче загина денеска во сообраќајна несреќа што се случила во Радишани, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид“, информираат за Мета оттаму.
