fbpx

Деветмина приведени во акцијата „Ќелија“ на МВР, се трага по уште 27

-

Деветмина приведени, триесетина претреси и вкупно 36 осомничени е резулатот од финалето на акцијата на Министерството за внатрешни работи со оперативно име „Ќелија“, која утринaва беше спроведена за откривање лица кои директно биле дел или врбувале македонски државајни за учество во паравоени организации на боиштата во Сирија и на Блискиот Исток.

Како што соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на операцијата „Ќелија“ се работело подолг период, односно од септември 2014 до јули оваа години.

– Врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР од септември 2014 до јули 2015 година работеше на прибирање материјални докази за македонски државјани кои активно учестувале во организирање и во подготовка на лица за учество во паравоени формации надвор од територијата на Република Македонија – изјави Чавков.

Акцијата, според министерот, почнала утрово околу 3.30 часот. Врз основа на наредба на судија на претходна постапка, биле извршени 28 претреси, од кои 21 претрес на дом и на други простории во Скопје, четири во Гоствар и по еден во Тетово, Куманово и во Струга.

– Меѓу четирите објекти беа опфатени интернет-кафето „Фастнет“ во Скопје, прудрижните објекти на Тутусуз-џамијата и невладините организации „Искра на милиоста“ и „Исламска младина“ во Сарај. За време на акцијата, девет лица се обезбедени, а по уште 27 лица кои се опфатени со истрагата се трага. Според оперативните сознанија на МВР, дваесетина сè уште се наоѓаат на боиштата, главно, во Сирија – рече Чавков.

При претресите биле запленети 38 декстоп-компјутери, 18 лаптопа, 18 таблет-компјутери, 119 мобилни телефони, повеќе СИМ-картички и држачи за картички, шест хард-дискови и 45 УСБ-стикови, гасен пиштол, тактички елек, мемориски картички, девизи, пасоши, потврди за пренос на пари преку „Вестерн јунион“.

– Одземените предмети ќе бидат дадени на одделот за криминалистичка техника за понатамошно вештачење и за обезбедување дополнителни докази. По завршувањето на вештачењето, ќе биде поднесен соодветен извештај до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според досега обезбедените докази, до Обвинителството поднесена е кривична пријава против 35 лица од Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и од Струга, за учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации, предвидено и казниво по челн 322-а од Кривичниот закон – соопшти министерот Чавков, додавајќи дека МВР во координација со надлежниот јавен обивнител, ќе „продолжи со мерки и со активости за откривање други инволвирани лица“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...